Рецензии
Ова е филм во кој се собира група на убијци кои сакаат да го убијат наследникот на престолот, затоа што тој е суров тиранин кој измачува невини луѓе за свое задоволство.
Ова е филм во кој една полициска единица на специјалци врши упад во една зграда која ја контролира еден мафијашки шеф (Тама) од 15 кат и нејзините потстанари се подготвени по секоја цена да ја спречат единицата да дојде до него. Полицајците стануваат заробеници на луѓето кои сакаат да ги заробат.
Ова е филмски омнибус составен од девет кратки филмови на десет млади македонски режисери. Дел од ликовите во тие приказни се појавуваат во неколку сегменти со цел да се создаде една објективна визија составена од субјективните погледи на храбри и аван-гардни автори за „душата“ на градот од генерацијата на творци кои своето дело биолошки го поврзуваат со пулсот на асфалтот на градот, правејќи од него лик со сопствен карактер за кого е посветен овој филм.
Ова е филм за семејството на Куртис Лафорк (Мајкл Шенон) кој има добар живот сé додека не се појават агресивните кошмари, односно апокалиптичните визии кои смета дека се дел од зачетокот на параноична шизофренија, болест која ја има и неговата мајка. Тој се обидува да го обезбеди засоништето во неговиот двор за бурата која предвидува дека ќе дојде. Неговите пријатели сметаат дека е луд, а неговото лудило станува закана и за иднината на семејството, иако неговите намери се да го заштити семејството од непознатото кое може да ги скрати нивните животи. Природата се заканува да го уништи општеството.
Овој филм е составен од два посебни наративи кои меѓусебно ќе интерферираат кон самиот крај на филмот. Едниот е за келнерката Фабиана (Гарсија) која ќе се заљуби во мистериозниот Адријан (Гутиерес) кој е диригент кој живее во голема куќа надвор од градот. Другата приказна е за Белен (Лаго) исчезнатата девојка на Адријан за чие исчезнување Полицијата го испрашува Адријан.
Ова е филм за две семејства кои се обидуваат да ја надминат тепачката на нивните деца на цивилизиран начин, но нивната средба станува поле за префрлување на вината за нивните деца, која ескивира во меѓусебно емоционално празнење. Филмот е работен според претставата на Јасмина Реза „The God of Carnage“
Ова е филм за Кирил, едно единаесетгодишно момче кое живее во Центар за згрижување на деца и сака да се врати во својот поранешен стан. Таму го наоѓа својот велосипед но не и својот татко. Неговиот татко не сака да има ништо со него, но откако ќе запознае една фризерка ќе може до некаде да ја пополни празнината која е создадена од недостатокот на родителската љубов во неговиот живот.
Надер и Симин се разведуваат во суд затоа што сопругата сака да оди во странство во потрага по подобра иднина за своето семејство, а сопругот сака да остане во Иран и да се грижи за неговиот татко кој има Алцхајмерова болест.
Препорачани Филмови
This Means War (2012)
Двајца ЦИА агенти , започнуваат ривалски да се одесуваат откако ќе дознаат дека ...
The Cabin in the Woods (2...
Пет пријатели одат на одмор во една колиба во шума каде набрзо ќе заклучат дека ...
пред една недела види го коментарот
пред една недела види го коментарот
пред една недела види го коментарот
пред 2 недели види го коментарот
пред 3 недели види го коментарот