Берлинале: Филмот „Парада“ најдобар според публиката
Српскиот филм, „Парада“ во македонска копродукција ја доби наградата од публиката на овогодинешното Берлинале. За прв пат, филм со македонска копродукција доби награда на престижен фестивал како што е Берлинале.
Македонскиот копродуцент е Владимир Анастасов, а Тони Михајловски е еден од актерите во филмот.

Инаку на Берлинале, Македонија ја претставуваа и филмовите: „Жената која ги избриша своите солзи" на Теона Митевска, како и филмот „Бардо“ на Марија Апчевска.
Наградата за најдобар филм на фестивалот ја освои италијанскиот „Цезар мора да умре“, на Паоло и Виторио Тавијани. „Сребрена мечка“ за режија освои Кристијан Пецолд, за филмот „Барбара“, а Гран При награда од жирито доби филмот „Само ветерот“ на Бенц Флигоф.
Македонски Филм
Започна новото издание на Скоп...
Скопски филмски фестивал оваа година започна на 19 април, а ќе трае до 24 април....
Берлинале: Филмот „Парада“ нај...
Српскиот филм, „Парада“ во македонска копродукција ја доби наградата од публикат...
3Д проекции во кино Милениум...
„Кино Милениум“ и МКЦ ќе бидат заслужни за одржување на првата 3Д кино поекција ...
Трејлер за македонскиот „Skopj...
Излезе трејлерот за македонскиот филм „Skopje Remixed“, омнибус филм составен од...
на 2012-02-20 21:04:02
на 2012-02-29 03:38:38
на 2012-03-05 21:28:22
на 2012-04-09 17:55:49
на 2012-04-09 17:57:46